Јавен повик до граѓански организации за доделување грантови

Проектот „Декада на припадност – славење на различностите“ финансиран од Европската Унија, преку програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, а спроведуван од страна на Локалната агенција за Развој - Струга (координатор) и Здружение на граѓани „Креативни и Активни“ од Струга отвара јавен повик до граѓанските организации за доделување грантови.
Грантовите ги поттикнуваат локалните граѓански организации да допринесат за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации, носителите на одлуки, комисиите за односи меѓу заедниците и приватниот сектор.
Истовремено, повикот ќе им овозможи на добитниците на грантовите да го зајакнат своето локално влијание, да покренат реални промени во нивните места на живеење и да поминат низ процес на директно менторирање каде ќе ги зајакнат своите капацитети.

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации кои се регистрирани и работаат во целните општини (Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Дебарца) најмалку една година пред објавата на овој повик. Посебно се охрабруваат партнерски проекти кои ги вклучуваат помалите етнички заедници.

Грантовите се доделуваат за следниве приоритети:

I. Подобрување на комуникацијата, дијалогот, социјализацијата меѓу различните етнички заедници;
II. Промовирање на меѓуетнички размени и соработки поврзани со животна средина, спорт, култура и уметност;
III. Зајакнување на свеста за стереотипите и нивно надминување.

Максималната сума за којашто може да се аплицира е 428.500 денари. Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 07 март 2018, само по електронски пат на е-маил адресата dbstruga@gmail.com. Целосниот повик и сите потребни документи преземете ги од www.ldastruga.org и http://creativeactive.org/ .

Ве замолуваме да го проследите овој повик до сите заинтересирани соработници и граѓански организации.

Документи во прилог
Повик за грантови
Прилог 1 - Образец за пријавување
Прилог 2 - Буџет и појаснувања
Прилог 3 - Писмо за поддршка


Со почит,

Локална агенција за развој – Струга
Tel: +389 46 784 151
e-mail: ldastruga@ldastruga.org
www.ldastruga.org

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам