Зајакнување на партиципативната демократија


ЛАР Струга е локален партнер на Фондација за развој на локалната заедница Штип за имплементација на проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“ финансиски поддржан од Европската Комисија преку програмата EIDHR.

Генерална цел: Придонесување кон институционализацијата на одржливите механизми за консултација со граѓаните во процесите на креирање на јавни политики на локално ниво.

Специфична цел: Да се анализира моменталната ситуација за постоечките механизми за консултација со граѓаните во процесот на креирање на јавни политики на локално ниво;
Да се поттикне дискусија помеѓу засекнатите страни (ЕЛС, ГО, БС);
Да се поттикне споделување и практикување на искуства на добри практики за механизми за консултација помеѓу Локалните советодавни групи;

Очекувани резултати:

  • Да се лобира во ЕЛС за институционализација на предложените механизми; Сеопфатна анализа на моменталните практики за консултација на граѓаните во процесите на креирање на јавни политки;
  • ГО, ЕЛС, БС и граѓаните се консултирани за механизмите за поголема вклученост во процесот на креирање на јавни политики на локално ниво;
  • Препораки за институционализација на процесите на консултација;
  • Зголемена свест на институциите и граѓаните за важноста од граѓанската вклученост во процесите на креирање јавни политки на локална ниво;
  • Споделени добри практики помеѓу општините;
  • Подготвен и споделен документ за јавна политика;
  • Зголемено ниво на транспарентност и отчетност на ЛС;
  • Зајакната заедница за поголемо вклучување во процесите за креирање на јавни политики на локално ниво;
  • Користење на различни (постоечки и нови) алатки за граѓанската вклученост во процесите на креирање на јавни политики;

Активности:

  1. Анализа на моменталните практики на користење на консултацијата со граѓаните во процесите на креирање јавни политики на локално ниво и нивната ефективност
  2. Регионални дебати
  3. Работни групи за креирање на препораки за воспоставување на механизми за консултација помеѓу граѓаните и ЕЛС
  4. Документ за јавна политика
  5. Состаноци со релевантни институции за лобирање и прифаќање и имплементирање на предложените препораки
  6. Завршна конференција

Временска рамка: Февруари 2016 - Јули 2017

Project: Fostering participative democracy
This project is funded by the European Union

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам