Поддршка на руралниот развој на туризмот во Јабланица и Регионот околу Охридското Езеро

За проектот:
Главна цел на овој проект е да го поддржи развојот на одржлив природен и рурален туризам во регионот на Јабланица и околу Охридското езеро, преку помагање на локалните жители да започнат и да управуваат со мали бизниси од сферата на руралниот туризам. Југозападниот регион на Македонија со неговите природни карактеристики, богато културно наследство, заштитени области и долга традиција се многу добра основа за иден развој на туризмот. Охридското езеро е најпозната туристичка дестинација во овој регион. Сите моментални инвестиции од страна на јавниот и прватниот сектор се фокусирани на градовите (Охрид и Струга), а руралните делови се во голема мерка запоставени. Иако проргамата за рурален развој (ИПАРД) е достапна, локалните жители немаат капацитет да ги искористат овие средства од Европската Унија. Жителите од руралните делови околу Охридско езеро и Јабланица немаат доволно знаење и вештини да развиваат мали бизниси поврзани со рурален туризам. Стапката на невработеност во некои од селата е поголема од 50%. Отселувањето е еден од најголемите проблеми со кој овие села се соочуваат. Општините немаат капацитет да се справат со овие негативни трендови. Нема стратегија или акциони планови за развој на природен и рурален туризам.
Временска рамка:
Mарт 2011 - сеуште е во фаза на имплементација
Соработници:
МАШАВ – Израелска Агенција за Соработка во Интернационален Развој, Факултет за Туризам – Охрид, Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, ГИЗ - Германско друштво за интернационална соработка.
Резултати:
  • Триденелна студиска посета во Израел (Март 2011)
  • За време на оваа посета – претставничката од ЛАР – Катерина Василеска учествуваше на курс за одржлив развој и се запозна со методите кои ги користат Израелските институции за да се справат со предизвиците во земјоделието, водостопанството, руралниот туризам.
  • Израелска консултантска мисија во Македонија ( ноември 2011)
  • Оваа 5-дневна посета беше реализирана од 30 Октомври – 4 Ноември и во неа учествуваа г-дин Шаи Дотан – тогашен директор на CINADCO и директор на секторот за Агро-туризам при Министерството за Земјоделство и Рурален Развој, г-дин Јаков Мелер – Експерт за рурален туризам и г-дин Јуда Ерони – Консултант за Проекти од областа на Туризмот. Целта на оваа мисија беше да се проучи постоечката состојба во руралниот туризам околу Охридското Езеро и на Јабланица.
  • Двонеделна Обука за Тренери во областа на рурален туризам (март 2012)
  • Тренингот беше одржан од 19ти до 29ти март 2012 на Факултетот за Туризам во Охрид. 35 учесници од различни сектори (приватен, јавен и невладин) беа обучени да промовираат рурален туризам во регионот. Како дел од тренингот, учесниците работеа на конкретни бизнис случаи и им помогнаа на 3 сопственици на мал бизнис да ги развијат нивните бизнис планови.
  • Тренинг за Одржлив Туризам организиран од Германско – Македонската мрежа за Одржлив туризам (мај 2012 – септември 2013)
  • Претставник од ЛАР – Јасминка Поповска учествуваше на 4 модули како дел од овој тренинг и имаше едно-неделна студиска посета на Универзитетот за Одржлив Развој во Германија.
Поддржано од:


Види фотографии тука

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам