Во последната деценија во Струга, стана очигледно дека разновидноста сама по себе не е причина за конфликтот, туку нетолеранцијата и заблудите за "другите". Кога разликите на локалните заедници ќе успееме да ги доживееме како предност дури тогаш ќе постигнеме единство, зголемување на свеста и почитување на вредностите на "другите"култури. Токму овој проект има за цел да им помогне на локалните заедници во надминувањето на предрасудите засновани врз етничката припадност и религија. Целна група се младите уметници, претставници од невладиниот, јавниот и бизнис секторот од општина Струга.
Временска рамка:
април 2011 – септември 2011
Соработници:
Комисијата за односи меѓу заедниците од општина Струга
Резултати:
Зголемена доверба, толеранција и почит помеѓу етничките заедници
Зајакнување на капацитетите на членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците
Воспоставени нови партнерства помеѓу различните групи на граѓаните во Општината
Организиран Мултиетнички арт камп во Крушево со 20 учесници
Припремена и прикажана театарска претстава со посетеност над 200 луѓе
Побарајте нè и на: