Зајакнување на капацитетите на младите во пограничниот регион на Македонија и Албанија

За проектот:
Целта на овој проект е забрзување на демократските процеси во пограничниот регион околу охридското езеро и зајакнување на односите меѓу младите од двете земји. Младите од средните училишта во Поградец, Струга и Охрид се запознаваат меѓусебно и воспоставуваат конкретна соработка на заеднички активности и проекти. Проектот се имплементира преку повеќе проектни активности кои користат различни методологии. Главен фокус е ставен врз зајакнување на капацитетите на младите преку организирање обуки за личен и професионален развој, културни настани и демократско образование.
Временска рамка:
Јануари 2011 – во тек
Соработници:
СОУ „Д-Р Ибрахим Темо“ од Струга и СОУ „Мухарем Чолаку“ од Поградец
Резултати:
  • Годишен Циклус од 6 работилници за по 30 ученици на тема “Демократска лабараторија”
  • Воспоставена соработка помеѓу средните училишта од Струга и Поградец
Поддржано од:


Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам