Студија за Сегментација на Пазарот и Профилирање на Туристите во Прекуграничниот Регион

15.08.2018 до 15.02.2019 година Изработка на „Студија за Сегментација на Пазарот и Профилирање на Туристите во Прекуграничниот Регион“. Целта на оваа студија беше да ги истражи мотивациите за одење на одмор, да ги идентификува различните туристички потрошувачи, да го сегментира/подели туристичкиот пазар (култура, спорт, бизнис, слободно време, крстарење, благосостојба (wellness) итн.) на начин кој е практичен и значаен за туристите во прекуграничниот регион. Во рамките на оваа студија се прави детална сегментација врз основа на активноста која се превзема и се анализира истата со цел да се разбере целниот пазар за платформата во прекуграничниот регион за соработка. Оценка на целниот пазар е клучно за успех на платформата и ќе им помогне на туристичките оператори да ги понудат вистинските услуги на вистински начин со цел да ги исполнат очекувањата и да ги задоволат потребите на крајните корисници.

Активноста се спроведуваше во рамките на проектот „Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија„ кој е поддржан од Делегација на Европската Унија, преку Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија


Photo by Porapak Apichodilok from Pexels

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам