„Имплементација на Конвенцијата за правата на детето (КПД) во Македонија“ – прва фаза

За проектот:
Коалицијата на младински организации СЕГА во соработка со Локалната агенција за развој – Струга продолжуваат со спроведување на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето (КПД) во Македонија“. Со овој проект директно ќе се делува кон заштита на детските права во основните и средните училишта, ќе се придонесе кон подобрување на функционирањето на училишните организации како и процесите на избори на претседатели во училиштата. Активностите од проектот се спроведуваат во СОУ “Д-р Ибрахим Темо” и ООУ “Браќа Миладиновци” во Струга.
Временска рамка:
Февруари 2013 - Јуни 2013
Активности:

- Организирање 3 обуки за “Заштита на правата на децата” од децата правобранители и 5 обуки за “Младинско учество” од членовите на ученичката заедница во училиштата

- Организирање на инфо денови во училиштата во рамките на кои децата правобранители ќе ги информаираат своите соученици за детските права и улогата на детето правобранител

- Да се спроведе истражување (анкета) за специфичните потреби и мислења на учениците за одредена ситуација поврзана со правата на учениците во училиштето

- Организирање презентација и дебата преку која ќе бидат претставени резултатите од истражувањето

Поддржано од:

Проектот е финансиран од Детската Фондација Песталоци



Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам