Студиско патување - Визнек, Бухенбах, Германија
Во периодот од 2ри до 9ти Септември се одржа студиско патување во Визнек, Бухенбах, Германија, на кое присутствуваа и членови на тимот од Локална Агенција за развој – Струга. Целна група беа образовни експерти и мултипликатори за образование на возрасни од Република Македонија. Преку студиското патување учесниците имаа можност да се запознаат со процесот на интеграција во ЕУ како и да научат повеќе за процесот на доживотно учење. Беа посетени Европскиот Парламент и Советот на Европа во Стразбург, а како дел од програмата беше и организирање на симулациска игра со цел учесниците да научат повеќе како се одвива процесот на интеграција во ЕУ. Организатори на студиското патување беа: - Покраинска централа за политичко образование Баден – Виртенберг, Германија - Образовен центар Визнек, Бухенбах - Фондација Фридрих Еберт – Скопје - ДВВ Интернационал – Скопје
Побарајте нè и на: