ОГЛАС ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ТРЕНЕРИ ОД ОБЛАСТА НА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ

ЗГ Локална aгенција за развој, Струга во соработка со Факултетот за туризам и угостителство- Охрид, Центарот за развој на Југозападен плански регион, Кластерот за туризам и ГИЗ објавува

ОГЛАС ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ТРЕНЕРИ ОД ОБЛАСТА НА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ

Обучувачи ќе бидат врвни израелски експерти од областа на рурален туризам:

Yehuda Eroni –Консултант за фирми и проекти од областа на туризмот, маркетинг, финансирање и оперативни планови

Yaacov Мeller – Министерство за туризам на Израел, директор на Инкубатор за Туризам

Времетраење: 19-29 Март 2012, секој работен ден од 09-15h

Место : Обуката ќе се одржува на разни локации во Охридско-Струшкиот регион

Критериуми: претходно искуство во рурален туризам-стручно образование од областа, практично искуство или вклученост во проекти; искуство во изведување тренинзи, јавни презентации, обуки-ќе се смета за предност; познавање на состојбите во Југо-западниот регион на Македонија; одлично познавање на англиски јазик (тренинзите ќе бидат на англиски јазик); желба за почнување на бизнис во рурален туризам – ќе се смета за предност

Пријавените кандидати ќе поминат низ процес на селекција.Селектираните кандидати ќе треба да се обврзат на: учество на сите предавања и студиски патувања во текот на 10 дневната тренинг програма; следење и оценување во текот на обуката; стекнатите знаења да ги стават во функција на развој на регионот

Трошоците за обуката, стручни консултации, материјали и освежување во текот на обуката се покриени од страна на организаторите, додека кандидатите сами ги покриваат патните трошоци и сместувањето доколку е потребно.

Бројот на кандидатите е ограничен. По завршување на тренинзите, кандидатите ќе добијат сертификат од Израелска агенција за интернационална соработка и развој – MASHAV.

Заинтересираните кандидати треба да поднесат писмо за мотивација на следнава маил адреса: contact@ldastruga.org со назнака РУРАЛЕН ТУРИЗАМ - ТРЕНИНГ ЗА ТРЕНЕРИ, најдоцна до 7 март 2012 година. За повеќе информации, Ве молиме контактирајте нѐ на: contact@ldastruga.org или на телефон 046 784-151 од 10:00 – 15:00 секој работен ден (Кате)

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам