Стрип на тема: Заштита од семејно насилство



Стрипот е дел од проектот “Зајакнување на капацитетот на локалните институции при спречување на домашното насилство”, имплементиран од Локалната Агенција за Развој од Струга. Стрипот содржи информации за препознавање на насилството и дава конкретни насоки како соодветно да се реагира на истото. Преку нашата долгогодишна работа на ова тема, дојдовме до заклучок дека е неопходно превентивно делување уште од најмала возраст. Особено е важно младите да ја разговараат отворено и без предрасуди во нивните семејства. Стрипот е адаптиран на возраста на читателите и на еден сликовит начин јасно ја пренесува пораката за ненасилна комуникација.

Локалната Агенција за Развој - Струга е граѓанска организација која се стреми кон подобрување на квалитетот на животот на жителите на општина Струга и регионот. ЛАР Струга работи на остварување на Милениумските Развојни Цели и ги застапува универзалните принципи за одржлив социо-економски развој, социјално вклучување на ранливите групи, родова рамноправност, меѓуетнички дијалог и соработка . Тимот на ЛАР посебно им се заблагодарува на Фондот за население на Обединети нации (УНФПА) кои преку заедничката програма на агенциите на Обединетите нации “Зајакнување на националните капацитети за спречување на семејно насилство” го поддржаа публикувањето на овој стрип.
Погледнете го стрипот тука

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам