ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ 06/2016

Креативни и Активни од Струга за потребите за спроведување на проектот: „Декада на припадност-славење на различностите“, финансиран од Европската Унија (ЕУ), програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014 , Support to Civil Society Organisations under the Civil Society Facility and Media Freedom Action 2014, Budget line: 22.020401 , Reference: EuropeAid/136-992/DD/ACT/MK објавува

ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ 06/2016

За ангажирање на млади кои поседуваат страст за пишување, или би сакале да студираат новинарство, фотографија и дизајн на списание од средните училишта од Струга, Охрид, Дебар и Кичево

“Blue Wire” списание за млади, има за цел да создаде и да промовира уникатно списание што ќе служи како поттик за млади урбани ликови/умови, платформа на слободно и независно изразување, катализатор за заедницата и социјална интеграција, културна отскочна штица за младите, преку воспоставување на нов начин на размислување и обликување на нова генерација на новинари во заедницата на Југозападниот регион.

Ова е сеопфатен воведен курс за млади новинари и дизајнери на списание чија цел е да обучи и презентира алатки како да се стане писател/ новинар, дизајнер на списание и фото репортер. Овој курс ќе биде предводен од искусни новинари и дизајнери и ќе покрие теми како што се: различни формати на списание, создавање на идентитет за списание, стилови на пишувања и содржини, претстава кои се вашите читатели, наоѓање на приказни и идеи, структура и дизајнирање на списание, vox pops, и др.

Во склоп на оваа менторска програма не постои завршен испит, но затоа најдобрите текстови ќе бидат објавени во секое следно двомесечно издание на списанието. Оваа активност, е дел од нашиот проект „Декада на припадност – Славење на различностите“ чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор.

Инструкции за апликантите

1. Договорен орган
Креативни и Активни од Струга, со адреса на ул. Туристичка бб Струга, www.creativeactive.org има потреба за ангажирање на млади средношколци кои поседуваат страст за пишување, или би сакале да студираат новинарство, фотографија и дизајн на списание.

2. Предмет на договор
Ангажирање на млади средношклци кои поседуваат страст за пишување, или би сакале да студираат новинарство, фотографија и дизајн на списание.

Не потребно претходно искуство во новинарство, но ќе треба да покажете самодоверба во пишување и зборување и на англиски јазик, и посветеност за присуство во две годишниот циклус на научење и креирање на списание.

3. Опис на ангажманот
Одбраните апликанти првично ќе ги следат обуките од реномирани новинари и под нивно водство и насоки ќе селектират и пишуваат за различни значајни теми. Улогата на новинарите и дизајнерот како ментори ќе создава можност за проценка на вашите текстови и активности во вид на повратна информација за целиот период, но исто така менторите ќе бидат достапни за директна соработка (one to one feedback) и водење низ целиот процес.

4. Временска рамка
Ангажманот треба да трае во периодот 01.03.2017 – 31.12.2018. Обуките ќе се одржуваат во Social Club Kombinati Struga.
Општ распоред:

  • 3 месеци (14 дена викенди) обука со новинарите и дизајнерот,
  • подготовка и објавување на списанието секој втор месец,
  • еден состанок месечно во период од две години,
  • редовна комуникација преку емаил, социјалните мрежи, скајп, и др.
Креативни и Активни од Струга го задржува правото на измена на временската рамка за ангажманот на апликантите во зависност од потребите на идните активности што треба да се реализираат во рамките на проектот.

5. Начин на аплицирање
За успешна апликација се бара:

  • кратко воведно писмо (ваши информации: име и презиме, школо, смер, контакт инфо; кратко објаснение зошто сакате да учествувате во ова обука; контакт информаци од еден професор за препорака);
  • една статија/текст на албански, македонски или англиски јазик или претходно искусво со дизајн (веб страни, постери, книги, списанија, брошури, и др).
Апликациите да се доставуваат по електронски пат на, info@creativeactive.org
Краен рок за аплицирање е 28.02.2017 година (вторник) до 24:00 часот.
Апликациите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние што не се изработени според барањата во повикот, нема да бидат земени предвид.
За повеќе информации ве молиме проверете во www.creativeactive.org, www.ldastruga.org и facebook страната www.facebook.com/Social-Club-Kombinati-116186645077888/

6. Финансиски надомест
На избраните апликанти, со цел да се потикне и стимулиира нивното учество и работа, ќе им се обезбеди финансиски надомест за секој објавен текст/статија.

Постапка за избор

7. Критериуми за доделување на договор
Изборот на апликантите ќе се изврши по пат на проценка и евалуација на горенаведените документи. Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши евалуацијата и избор на ангажманот е следната:

8. Отворање на апликациите
Апликациите ќе бидат отворени без присуство на јавноста на ден 01.03.2017 година, во 12 часот, во Social Club Kombinati во Струга.

9. Известување на апликантите
Успешните апликанти кои учествувале во постапката за доделување на договор за ангажман ќе бидат известени по електронски пат. Сите други апликанти кои нема да добиваат повратна информација до 07.03.2017 не се одбрани да учествуваат во ова програма.

Decade of Belonging-Celebrating Diversity
This project is funded by the European Union

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам