Унапредување на организациите преку креативни решенија на уметниците

Локалната агенција за развој е партнер во меѓународниот проект Western Balkan Creative Clash/WBCC финансиран од програмата на BalkanArt&Culture fond. Заедно со партнерите од Србија, Култура Нова, Урбан Нова од Црна Гора и ТИЛЛТ од Шведска, преку овој проект ќе го промовираме методот на УМЕТНИЧКИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ОРГАНИЗАЦИИ (Artistic interventions in organisations) AIO на територијата на Балканот, метод преку кој уметниците, своите вештини и знаења би ги примениле во неуметничко опкружување.

Што е AIO?

Методот на AIO претставува процес во кој луѓето, производите, или праксите од уметничкиот свет влегуваат во оргазнизациите со цел да го подржат или поттикнат организацискиот развој. Тие се практикуваат во согласност со оние на кои им е наменета интервенцијата. АIO можат да се дефинираат како нарачани уметнички процеси, кои се предводени од професионални уметници и се случуваат во деловни опкружувања, a со активно вклучување и во кокреација на учесници од организацијата клиент – како што се менаџери, вработени, муштерии и сл. Резултатот од овие процеси овозможува учесниците и организацијата клиент, да ги перцепира своите проблеми и задачи од нова перспектива. Во некоја смисла, интервенциите функционираат како креативно огледало насочено во предизвиците на организацијата , за да се доловат, да се влијае на нив и да се подобрат.

Зошто АIO?
Развојот на културата и креативните решенија можат значајно да го унапредат економскиот и општествениот развој особено ако соработката помеѓу деловниот свет, јавните услуги и уметноста, стратешки се воспостават. Светската економија влијае на општеството и го тера на промени. За да бидат успешни и да досегнат до корисниците, организациите веќе одамна знаат дека треба да инвестираат во креативна иновација, компетенции, емотивен развој и соработка, како и во добросостојбата и подобрување на ефективноста на својата работна сила. Уметниците се обучени да креираат концепти кои излегуваат надвор од рутината и така отвараат простор за нови начини на размислување и делување, иако најчесто во нивното природно опкружување „уметничкиот свет“. Пилотирањето на оваа методологија во балканскиот регион ќе ги ни овозможи увид во ефектите од креативниот судир помеѓу уметничкиот и деловниот свет, судир во кој овие светови се испреплетуваат за да создадат нешто ново кое ќе помогне во унапредувањето на состојбите во организацијата.

West Balkan Creative Clash WBCC

Creative Clash е европска мрежа која ги мапира и обединува продуцентите на уметнички интервенции во организации низ западна европа, а е иницирана од социјалното претпријатие ТИЛЛТ Шведска, кои од 2009 работат на промоција на АИО концептот, на негово воведување и развој - како поттикнувач на радикални иновации во деловните и социјалните сфери на општеството. Благодарение на подршката на Швајцарската влада и европскиот фонд за култура, овој концепт ќе биде промовиран во Македонија, Србија и Црна Гора, преку тренинг за продуценти, тренинг за уметници и организации и 9 пилот уметнички интервенции, по три во секоја од земјите партнери во проектот. На овој начин ќе се подигнат капацитетите на партнерите на проектот, да станат дел од оваа европска мрежа и да се вклучат во промовирањето и застапувањето на АИО методата на балканот.

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам