Национална Конференција
Градење Култура на Соживот:
Соработка помеѓу Граѓанските Организации и Локалната Самоуправа како
Фактор за Развој на Меѓу-Етничкиот Дијалог
18ти Октомври 2016, Скопски Саем – Бизнис Сала
Скопје
Цели на конференцијата:
- Да се овозможи дијалог помеѓу клучните чинители на локално ниво и граѓанското општество со цел справување со предизвиците на мултикултурниот соживот;
- Да се зајакне соработката помеѓу граѓанското општество и локалните власти во мултикултурнa средина;
- Да се развијат препораки за понатамошни акции за поттикнување на соработката помеѓу етничките заедници.
Конференцијата ќе служи како отворен форум за дијалог помеѓу грантистите, локалната самоуправа и останатите чинители кои работат на полето на меѓу-етничките односи. Грантистите (8) се од Програма на ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2014 година, Приоритет 3: Промоција на подобрени односи помеѓу заедниците.
Главната цел на Конференцијата е промовирање дискусија, градење синергија и подигнување на свеста за добрата пракса во поттикнувањето на соработката помеѓу заедниците.
Целни групи: Градоначалници од општините каде што се спроведуваат проектите, претставници од советот на општините, претставници од Комисии за односи меѓу заедниците и/или администрација на локалната самоуправа, претставници од Секретеријат за имплементација на ОРД (СИОФА), Агенција за остварување на правата на заедниците, Народен правобранител, Министерство за образование, ЗЕЛС, меѓународни организации/институции, грантистите и граѓански организации активни на полето на меѓу-етничкиот дијалог.
Вкупен број на учесници: приближно 140 учесници
Конференцијата ќе се пренесува во живо на социјалната мрежа “Twitter,” со хаштаг од Конференцијата, како начин да се допре до заинтересираните кои нема да бидат во можност да присуствуваат.
ЦСФ Проектен Саем: проектни штандови ќе бидат поставени на местото на оддржување на конференцијта од 8 те корисници на грантови со цел да ја презентираат нивната работа и резултатите од проектните активности.
Работни јазици: Македонски, Албански и Англиски
18ти Октомври 2016 – Скопје
Агенда:
Побарајте нè и на: