Повик за прибирање понуди 02/2016 од 12/02/2016

Локална Агенција за Развој од Струга за потребите за спроведувње на проектот: „Декада на припадност-славење на различностите“, финансиран од Европската Унија (ЕУ), програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014 , Support to Civil Society Organisations under the Civil Society Facility and Media Freedom Action 2014, Budget line: 22.020401 , Reference: EuropeAid/136-992/DD/ACT/MK објавува

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ 02/2016 од 12/02/2016

За набавка на услуга за ангажирање обучувач за танц

Танцот и театарот имаат потенцијал да им овозможат на децата од различни етнички, социјални и културни позадини да се спријателат и да им помогнат да развијат истражувачки дух ослободен од предрасуди. Театарот во нашата активност е извор на алатки кои ќе и помогнат на личноста вовлечена во сцената свесно и смислено да одлучи за своето дејствие во однос на стимулацијата и да пронајде соодветен јасен израз на намера. Танцот овозможува комуницирање преку говор на телото кој ја надминува вербалната комуникација и предизвиците кои таа ги носи. Мисијата на оваа активност е да ги мотивира децата и младите да соработуваат и взаемно да се инспирираат кон создавање на заедничко дело – претстава/инсталација која самите ќе ја осмислат.

Инструкции за понудувачите

1. Договорен орган
Локална Агенција за Развој од Струга, со адреса на ул. Владо Малески бб Струга, www.ldastruga.org има потреба од набавка на услуга за ангажирање обучувач за театарска игра

2. Предмет на договорот за набавка на услуга
Ангажирање обучувач за танц
Квалификации и вештини:

  • Најмалку 5 години професионално искуство во танц
  • Искуство во работа со деца и млади
  • Способност за изнаоѓање креативни, алтернативни и ефикасни решенија за концептуализирање на проектот и неговиот развој
  • Искуство во јавни настапи/изведби

3. Опис на услугата
Услугата за ангажирање обучувач за танц треба да опфати обука на најмалку 30 деца и млади на возраст од 7-18 годишна возраст од различни етнички заедници од општините Охрид и Струга.
Резултатите од спроведените обуки треба да се претстават во две претстави кои ќе бидат креирани за време на ангажманот.
Исто така треба да се изготви завршен Извештај за спроведените обуки во електронска форма , на македонски јазик.

4. Временска рамка
Услугата треба да се испорача за позицијата Обучувач за танц во периодот 01.03.2016 – 30.06.2017 за вкупно 24 обуки.

Локална Агенција за Развој од Струга го задржува правото на измена/продолжување на временската рамка и испораката на нарачаната услуга од страна на добавувачот во зависност од потребите на идните активности во рамките на проектот.

5. Изготвување на понудите
Набавката ќе се реализира од страна на добавувач со искуство за испорака на ваков тип на услуги.
Локална Агенција за Развој од Струга во согласност со одредбите на договорот со донаторот спроведува ограничен повик со прибирање на најмалку 3 понуди.
Понудата треба да содржи квалитативна и финансиска понуда односно пополнета апликација (Анекс на овој повик)
Квалитативната понуда треба да се состои од:

  • Кратка биографија (CV) на обучувачот
  • Предлог методологија со временска рамка
  • Искуство на понудувачот

Секој понудувач може да учествува само со една понуда. Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена од денот на отворање на понудите.
Јазик на понудата: Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик

6. Начин на доставување на понудите
Понудите можат да се достават по електронски пат на contact@ldastruga.org или директно во канцеларијата на Локалната агенција за развој на ул. Владо Малески бб (Старо училиште Браќа Миладиновци) Струга, секој работен ден од 08-16 часот, контакт телефон 046/784 151.
Рок за доставување на понудите е 10 календарски дена од објавување на овој повик (од 12/02/2016) односно понеделник, 22.02.2016 година до 16:00 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние што не се изработени според барањата во повикот, нема да бидат земени предвид.

7. Услови и начин на плаќање
Исплатата ќе се изврши на три транши и тоа 50% по потпишување на договорот и по започнување на активноста, 30% во текот на имплементација на проектот и 20 % по целосно извршување на услугите предвидени со овој повик и предавање на завршен извештај од активноста.

Постапка за избор

8. Критериуми за доделување на договор
Изборот на добавувачот ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и финансиската понуда. Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши евалуацијата и избор на понудата е следната:

9. Отворање на понудите
Понудите ќе бидат отворени без присуство на јавноста на ден 24.02.2016 година, во 12 часот, во седиштето на Локална Агенција за Развој во Струга.

10. Известување на понудувачите
Сите понудувачи кои учествувале во постапката за доделување на договор за набавка со прибирање на понуди ќе бидат писмено известени за изборот на најповолна понуда во рок од три дена од денот на донесување на одлуката за доделување на договорот за набавката, а во прилог на известувањето договорниот орган ќе достави и примерок од одлуката.

Анекс на овој повик

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам