Оглас за ангажирање волонтери
Локална Агенција за Развој и Креативни и Активни во Струга за потребите за спроведување на проектот: „Декада на припадност-славење на различностите“, финансиран од Европската Унија (ЕУ), програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014, Support to Civil Society Organisations under the Civil Society Facility and Media Freedom Action in 2014, Budget line: 22.020401, Reference: EuropeAid / 136-992 / DD / ACT / MK објавува
Оглас за ангажирање волонтери
Волонтерската работа се заснова на временски период од 6 месеци, со флексибилно работно време и со можност за вработување.
Потребни квалификации:
- Ученици во средно училиште или студенти,
- Активно познавање на англиски јазик (писмено и усно)
- Одлични компјутерски вештини,
- Комуникациски вештини, тимско работење, флексибилност,
- Креативност, желба за учење нови работи и учество во различни активности.
Опис на работа:
- Учество во активностите на проектот;
- Асистирање при имплементација на тековните активности;
- Да придонесува кон планирањето и извршувањето на активностите на проектот;
- Следење на активностите на терен;
- Организирање на настани;
- Да асистира во извршување на одредени задачи од интерес за проектот;
- Соработка со организациите, проектниот менаџменти останатите засегнати страни релевантни за проектот.
Кандидатите за аплицирање се бара да ги достави следниве документи на англиски јазик:
- Кратка биографија (со фотографија);
- Mотивационо писмо (максимум една страна) (по избор).
Потребните документи за аплицирање кандидатите треба да ги доставатпо електронска пошта на следната адреса info@creativeactive.org, со назнака „Апликација за волонтер“ најдоцна до 31-ви март 2016 година.
Волонтерите како проектниот тим, ќе бидат дел од патувањата во и надвор од земјата со цел на обука и / или промоција на проектот по потреба.
Најуспешните кандидати ќе бидат контактирани и поканети на разговор.
This project is funded by the European Union
Побарајте нè и на: