Настан "Филантропија - човекољубие на дело" 12.11.2013

Четириесет и двајца хумани поединци, организации и сервисни клубови, кои во текот на изминатите неколку години организирале или поддржале хуман настан, добротворна активност или донирале средства за доброто на заедницата во Охридско-струшкиот регион, на свеченост што се одржа во Охрид на 12 ноември 2013, добија признанија за филантропија.

Признанијата им беа доделени во рамки на завршниот настан од Проектот „Филантропија-Човекољубие на дело” реализиран од Здружението на граѓани „Локална Агенција за Развој” од Струга како дел од програмата на Civica Mobilitas“, имплементирана од Центарот за институционален развој „ЦИРа” и финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC”.

Пред присутните се обрати градоначалникот Никола Бакрачески кој истакна дека филантропијата како термин и како појава е стара колку и самото човештво и дека во денешно време подразбира реализација на иницијатива за постигнување општо добро за заедницата, а во функција на подобрување на квалитетот на животот.

Освен врачувањето на признанијата во рамки на свеченоста, беше промовиран и „Каталогот на Филантропи“ кој беше изготвен врз основа на неколкумесечното истражување.

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам