Македонски модел на Обединети Нации

ЛАР Струга заедно со ученици од локалните средни училишта од Струга учествуваше на овогодинешното 2ро издание на проектот „Македонски модел на ОН“. Станува збор за проект кој вклучува 160 средношколци и студенти од повеќе македонски градови, поделени во 25 тимови, при што секој тим претставува земја членка на ОН. Учесниците во симултанката беа поставени во улога на: државници, дипломати, истражувачи на интернационални теми, медијатори и друго. Тимот на Струга ја застапуваше Канада. Целта на овој проект на кој учесниците работеа шест месеци е младата македонска популација да се едуцира за тоа што значи и како се спроведува дипломатијата, како и начините на кои можат да се решаваат светските прашања од типот: трговија со луѓе, намалување на глобалното загадување, како и за зајакнувањето на нивните вештини за одржување дебати и јавно говорење. Настанот се одржува под покровителство на Американскиот мировен корпус, а во соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА.

Фотографии види тука

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам