Учи од најдобрите! Обуки за личен и професионален развој од најдобрите предавачи во Македонија!

ЗА ПРВПАТ ВО ОХРИД И СТРУГА!

НАЈДОБРИТЕ ПРЕДАВАЧИ ЗА ЛИЧЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ ОД МАКЕДОНИЈА КАЈ НАС!

ТЕМИ:

Емоционална интелегенција

Ефективна комуникација

Kонфликт, Стрес и Burnout (Емоционално согорување)

Сексуално здравје и и љубовно-еротско умеење

Како да го добиете она што го сакате?

Повеќе информации на 078212327 и 046784151,

contact@ldastruga.org

ПРИЈАВУВАЊЕ ДО 5 АПРИЛ!

ШТО?

5 целодневни обуки за личен и професионален развој со најдобрите обучувачи од цела Македонија!

Организатор на обуките е Локална Агенција за Развој од Струга.

КОЛКУ?

Вообичаената цена на ваков тип обуки е 2000 денари по обука, а вие може да добиете за 500 денари!

Една поединечна обука чини 900 денари

Пакет „ТРИ + “ добивате три обуки за сума 2100 денари (цена по обука 700 денари)

Пакет „ ПЕТ ++“ добивате пет обуки за сума 2500 денари (цена по обука 500 денари)

Уплатата може да ја извршите електронски преку www.kelepur.mk или директно во нашата канцеларија во Струга (во старото училиште Браќа Миладиновци)

контакт телефон 078212327, contact@ldastruga.org, www.facebook.com/ldastruga

ЗА КОГО?

За сите полнолетни лица кои сакаат да си го подобрат својот живот и да постигнат професионален, емотивен, духовен баланс!

Како да го добиете она што го сакате?

Дали се чувствувате под постојан стрес?

Како да ги препознаете и да се справите со негативните емоции?

Дали често се фаќате во борба со недостатокот на време и неможноста да стигнете квалитетно да одговорите на сите фамилијарни и работни обврски?

Дали сакате да дознаете нешто повеќе за сексуалното здравје и љубовно-еротското умеење, а нема кого и каде да прашате?

Што е Емоционална Интелегенција и зошто е толку важна за успехот?

Како да ги трансформирате конфликтите во соработка и да го намалите стресот?

На сите овие прашања и на многу други, ќе добиете одговор доколку се пријавите на нашите обуки.

Уникатен избор на предавања кои ќе ги задоволат и најпребирливите, на теми кои не се учат на училиште и се премногу скапи за да си ги дозволите индивидуално!

Дојдете и уверете се!

ДАТУМИ, ТЕМИ И ПРЕДАВАЧИ:

06 АПРИЛ – „ Емоционална интелегенција – развој и користење на клучните емоционални вештини“

Предавач:

Нела Јолеска – основач на „Извор“ првиот Центар за развој на емоционална интелегенција во Македонија

13 АПРИЛ - Семинар за комуникација и комуникациски вештини „Ефективна Комуникација – Можам Ли Подобро?“

Предавач:

М-р Анета Мајсторова - Дипломиран психолог и независен обучувач од областа на човечки ресурси, повеќегодишно работно искуство како обучувач во „Орифлеим“, „Цептер“, КОСМО Иновативен Центар, ЦС Глобал и многу други.

23 АПРИЛ - „Како да го добијам она што го сакам?“ (психодрама и социодрама)

Предавачи:

Мирјана Јовановска Стојановска - дипл.психолог, лиценциран психотерапевт од Комората на психолози на Р. Македонија; психодрама терапевт и гешталт психотерапевт и сертифициран супервизор за психотерапија од Гесталт Институт, Лондон, Велика Британија. Тренер и супервизор во Амигдала, школата за психодрама психотерапија. Член е на управен одбор на Македонска Психодрамска Асоцијација)

Маргарита Николовска – дипл.психолог, лиценциран психолог од Комората на психолози на Р Македонија, психодрама психотерапевт и ЕУ сертифициран тренер за психосоцијална рехабилитација на ранливи групи, Претседател на Амигдала.

И двете предавачки се вработени во „Сега и Овде“ приватен кабинет за психотерапија, советување и психодијагностика.

27 АПРИЛ - „ Обука за справување со Конфликт, Стрес и Burnout (Емоционално согорување)“

Предавачи:

Јове Хаџиевски - дипломиран психолог/психотерапевт/гешталт терапевт, долгогодишно професионално искуство во Медицинскиот центар во Битола, во Mercy Medical Center, Canton, OH, USA; Ohio Psychiatric Hospital, Columbus.OH, USA; Претседател на Интернационалниот Гешталт Институт на Македонија и член на Надзорниот Орган на Македонската асоцијација на надарени и талентирани.

Нела Јолеска – основач на „Извор“ првиот Центар за развој на емоционална интелегенција во Македонија

11 МАЈ - „ Сексуално здравје и и љубовно-еротско умеење“

Предавачи:

Димитар Митров – Љубовно-еротски терапевт и учител по Комаја медитација. Претседател на Комаја Здружението од Скопје, член на The World Association for Sexual Health (WAS). Долгогодишно искуство со медитација, тантра, јога, водење работилници од областа на себекултивирање. Веџие Авдиу – доктор по општа медицина, вработена во Градска општа болница 8-ми Септември Скопје. Долгогодишно искуство со јога, медитација и себеспознавање.

Задолжително пополнете ја апликацијата на:

ПЛАЌАЊЕ:

За пакетите електронски преку kelepur.mk

За поединечните обуки јавете се на 046784151 и 078212327

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам