"Младински активизам во мултикултурно општество"
За проектот:
Нашата крајна цел е да се создаде мрежа на млади лидери во прекуграничниот регион (Струга - Поградец). Учениците од прекуграничниот регион во текот на месеците февруари, март и април ќе учествуваат на заеднички работилници, ќе дискутираат на различни теми, ќе поминуваат неформално време заедно и ќе создаваат нови пријателства.Временска рамка:
Февруари 2013 - Април 2013Партнери:
СОУ "Д-р Ибрахим Темо" од Струга
СОУ "Мухарем Чолаку" од Поградец
Цели:
- Да ги поврземе младите луѓе од различна религиска, социјална и етничка припадност и да им се помогне да ги препознаат предностите на живеењето во мултикултурен амбиент отколку гледањето на другите култури како закана
- Да се обезбедат обуки за зајакнување на животните вештини, преку кои младите ќе се инспирираат да превземат одговорност за сопствениот живот, како и да станат позитивни модели во нивните заедници преку градење соживот и мир со другите етнички групи
- Да се воспостави врска помеѓу младите во двете земји
Поддржано од:
Проектот е поддржан од Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје
![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | |
Побарајте нè и на: