Стани дел од GLOW кампот! Аплицирај сега!
Што е Камп GLOW?
Кампот GLOW е мултиетнички камп за лидери кој е создаден за да промовира самодоверба, пријателство и активност во заедницата преку едукативни активности за здравјето на жената, исхраната, околината, поставените цели, планирање на кариерата, волонтеризмот, уметностите, дискриминацијата, образование за мир и многу повеќе. Целиот камп се одвива на англиски јазик.
Кога и каде е кампот?
Кампот GLOW 2013 ќе се одржи помеѓу 22 и 29 јуни во приватното училиште „Вилсон“ во Тетово.
Кој може да учествува на кампот?
Учесниците доаѓаат од цела Македонија и ја претставуваат етничката разновидност на земјата. 80 кампери ќе се групираат во различни заедници со кои ќе посетуваат часови, ќе јадат и ќе ги делат собите. Кампот е спонзориран од ЗГ „Локална агенција за развој“ од Струга, како и од училиштето „Вилсон“ од Тетово. Кампот е фасилитиран од волонтери од Мировен корпус и т.н. алумни од кампот од Македонија.
Како можам да аплицирам?
Кампот GLOW бара исклучителни ученици со голем лидерски потенцијал за процесот на избор да биде компетитивен. Ве охрабруваме да аплицирате доколку ги исполнувате следните критериуми: женско сте, живеете во Македонија, следната година ќе бидете средно училиште, претходно не сте биле дел од кампот и зборувате англиски јазик.
За да бидете земени во предвид, мора да ја пополните пријавата на следниот линк:
http://glowmacedonia.wix.com/glowmacedonia#!applications
Побарајте нè и на: