„Демократска Лабораторија“ за средношколците од Струга и Поградец

Група од 30 средношколци од Поградец (Албанија) и Струга (Македонија) учествуваа на седмата заедничка обука за зајакнување на нивните капацитети. Обуката се одржа од 21-22 фебруари во Струга и на истата, младите се запознаа со и дискутираа за следните демократски вредности: слобода, општо добро, вистина, правда, еднаквост, различност и други. Беше исклучително искуство да се видат размислувањата на младите на овие теми. Следната обука ќе се одржува во Поградец каде младите ќе треба да разработат конкретни идеи кои ќе ги реализираат во своите заедници, а ќе придонесат за развој на демократијата и промоција на демократските вредности. Оваа обука е дел од проектот „Демократска Лабараторија“ кој е поддржан од Фридрих Еберт Фондацијата. Почна со имплементација во март 2012 година, кога беа избрани по 15 средношколци од Поградец и Струга, и се отпочна со обуките. Беа одржани 6 дводневни работилници на теми: лидерство, комуникациски вештини, разрешување конфликти, младински активизам и волонтеризам.

Фотографии погледнете тука

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам