Доделување на сертификати на учесниците на "Зелената Академија"
Доделувањето на сертификатите за учесниците на Зелената Академија се одржа на 21 февруари 2013. Амбасадорот на САД лично ги додели сертификатите. Академијата се одржуваше од октомври до декември 2012 година и се состоеше од обуки и студиски патувања на различни теми поврзани со екологија, енергетска ефикасност и климатски промени. Академијата е првата фаза од проектот „Посвојте парк“ чија главна цел е младите да се запознаат со еколошките предизвици во Македонија и да превземат конкретни акции за да ги подобрат урбаните средини каде живеат. Проектот е финансиран од Американската Амбасада преку Alumni Engagement Innovation Fund , и е имплементиран од тимот на State Department Alumni од Македонија. Партнери на проектот беа Локалната Агенција за Развој Струга и средните училишта: „5та Приватна Гимназија“, „Нико Нестор“, „Ибрахим Темо“, „Јахја Кемал“ од Струга.
Побарајте нè и на: