Успешна реализација на проектот “ПРОМОВИРАЊЕ НА МЕЃУКУЛТУРНИОТ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ МЛАДИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”

На 17ти декември 2012 година ЛАР Струга ја промовираше реализацијата на проектот “Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Република Македонија”. На настанот беа присутни учесниците во проектот, претставници од двете средни училишта “Д-р Ибрахим Темо” и “Нико Нестор”, ученици, како и претставници од локалните медиуми. Презентацијата на проектот се одржа во просториите на СОУ “Д-р Ибрахим Темо” – Струга. Присутните беа запознаени со целта на проектот и главните активности кои беа реализирани во периодот од август до декември. Проектот „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“, е дел од годишната програма на Коалиција „СЕГА“ - Прилеп за 2012 година, финансирана со програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансирана од SDC. ЛАР Струга е локален координатор на овој проект.

Види фотографии тука

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам