Младинскиот Совет ја посети Струга
На 24 ноември 2012 година 35 членови на Младинските совети на Американската амбасада во Македонија и Латвија го посетија „Американското катче“ во Струга. Младите советници направија прошетка низ Македонија во рамките на нивната прва заедничка програма за размена од овој вид. Гостите ги пречека членот на Младинскиот совет од Струга – Јетмир Зиба и вработените во „Американско катче“, а потоа Ирина Мартиноска од „Локална агенција за развој“ Струга им го презентираше проектот на којшто во моментот ЛАР работи, а е поддржан од Американската амбасада во Скопје во рамките на „Програма за мали грантови“. По презентацијата, се разви дискусија на којашто присутните имаа можност да поставуваат прашања и да даваат коментари. По посетата во „Американско катче“, младите советници имаа кратка обиколка низ градот Струга.
Побарајте нè и на: