Форум за доживотно учење

Локална агенција за развој Струга како членка на Сојузот за развој на образование на возрасни и доживотно учење (СРОВ) , заедно со здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово , се залага за развој и унапредување на образованието на возрасни, намалување на невработеноста во Република Македонија , како и поддршка на структури, организации и институции за одржливо образование на возрасни. Со цел да ја претстави и дебатира улогата на доживотното учење и образованието на возрасни во создавањето на општетсво кое ќе биде едуцирано и ќе одговори на потребите на пазарот на труд ИРЗ- Тетово во партнерство со Локална агенција за развој- Струга на 2 ноември 2012 организираше форум на тема „Доживотно учење- пат до општество подготвено за пазарот на труд“ во просториите на „Порака Нова“ - Струга. Гости на форумот беа: Сретен Коцески - претставник од СРОВ, Маја Аврамовска - претставник од ДВВ Интернационал - Скопје, Џевит Зиба - управник во АВРМ - Струга, Бошко Нелкоски - панелист и Васил Гроздановски - ДВВ Интернационал Скопје.

Види фотографии овде

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам