Потпишан меморандум за соработка со БСЦ

Во февруари 2012 година Фондацијата БСЦ Битола и ЛАР Струга потпишаа Меморандум за соработка чијашто цел е унапредување на економскиот развој на регионот, поттикнување на претприемништвото и претприемачкото размислување. Со овој меморандум ќе се поттикнат активности за развој на претприемништвото, како и зголемување на конкурентноста на македонските мали и средни претпријатија (МСП). Преку заеднички активности и реализација на бизнис обуки, семинари, работилници ќе ги развиваат бизнис вештините на населението во насока на поддршка на претприемништвото, а со тоа и допринес за поголем економски развој.

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам