Квалитетни обуки за развој на животни, лидерски и бизнис вештини
Локална агенција за развој Струга Ве известува за една ретка можност да добиете квалитетни бесплатни обуки за развој на бизнис, лидерски и животни вештини. Целта на овие обуки е да им се помогне на невработените жени од Струга и Вевчани полесно да дојдат до работа. Трошоците за обуките ги покрива ЛАР Струга, а од учесниците се очекува активно и редовно учество за време на предавањата.
Првиот циклус се состои од вкупно 6 последователни обуки кои се тематски поврзани и со пријавување се обврзувате да присуствувате на сите нив.
Обуките ќе ги опфатат следниве теми: развој на комуникациски и лидерски вештини, тимска работа, управување со време, подготовка на CV, мотивационо писмо и интервју за работа.
Обуките ќе се одвиваат во текот на месец октомври и ноември 2011 година во Струга.
За сите подетални информации, пријавените ќе бидат дополнително известени.
Доколку сте заинтересирани, пријавете се со пополнување на апликацијата која е достапна во делот Вести на нашава официјална веб страна или на 046/784-151, 078/212-327 (секој ден од 10-16 часот).
- Обуките се дел од проектот „Женска прекугранична соработка за промена“ имплементиран од „Локална агенција за развој Струга“ и „Unë, Gruaja“ Поградец.
Овој проект е финансиран од Европска Унија, а поддржан од ГИЗ програмата за регионален економски развој во Македонија во име на германското федерално министерство за економска соработка и развој.
- Поздрав од тимот од Локална агенција за развој Струга!
Побарајте нè и на: